Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Архитектура

Изобилието на варовник и квалитетен камен било добра основа во Демиерхисарско низ вековите да се градат тврдини, дворци и убави куќи ѕидани со kaмен уште во времето на античка и средновековна Македонија. Градот Железник бил една од најубавите и значајните градски населби во времето на Македонското средновековно царство. За убавите градби зборуваат материјалните остатоци од ѕидини направени од обработуван камен итн. Има видна разлика на архитектурата во градбата на куќите од селата на Горни и Долни Демир Хисар, не само по материјалот, туку и по распоредот на собите, големината на прозорците и покривот. Во Горни Демир Хисар куќите биле градени од камен, а во рамнинскиот дел – полето, биле градени од непечена тула. Во целото Демирхисарско подрачје куќите биле претежно на кат. Од влезната врата се влегува во ходник (салон), а на левата и десната страна има по една соба. Од ходникот дрвена скала води на катот каде исто така има две соби. Од горниот ходник има врата за излез на балконот или чардакот. Печалбарите од светот во своите родни села граделе големи куќи во современ стил, со отворени чардаци и поголем број прозорци.

Skip to content