Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Народни носии и везови

ДЕМИРХИСАРСКИТЕ НАРОДНА НОСИЈА И ВЕЗОВИ

„Народниот вез и народната носија се достоен пандан на највисоките дострели на народната поезија и народната музика.

И во нив, во тие прекрасни разнобојни и разновидни облеки, текстилни украси и орнаменти, народот низ вековите ги излеал и ги изразил своите неоматени дарби, копнежи, желби и надежи и оставил долготрајни траги на своето високо уметничко ракотворење, но и умеење“

Крсте Петков Мисирков

Демирхисарската народна носија е една од најкарактеристичните. Ја карактеризираат богат колорит и прекрасни орнаменти. Зависно од местото, постојат неколку посебни и засебни носии како одраз на карактерот и начинот на живеење. Најинтересни и најоригинални се Горноселската народна носија, носијата што се користела во секојдневиието, Мијачката (Смилевската) машка и женска носија, како и Долноселската или таканаречена, Полјанска носија.

Со еден збор, ретка, уникатна и богата.

Skip to content