Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред 35-та седница на  Совет, 30.04.2024 година (вторник)

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 35-та седница на  Совет на општина Демир Хисар, Седницата ќе се одржи на 30.04.2024 година (вторник) со почеток во 12 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар

-Усвојување на записник од 34-та седница на Совет на општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Усвојување на Квартален извештај за реализација на Буџетот на општина Демир Хисар за период 01.01.2024 до 31.03.2024 година.
  2. Донесување на План за редовно одржување на општинските патишта на подрачјето на Oпштина Демир Хисар за 2024 година
  3. Донесување на Решение за именување на Предлог листа на кандидати за Претседател и членови на Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
  4. Донесување на Одлука за кофинансирање на проект ,,Реновирање на селскиот дом во с.Суводол”.
  5. Разгледување на состојбата во средното општинско училиште „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар.
  6. Разгледување на состојбата со игралиштето во Слепче и изградбата на фотоволтаици во негова близина.
  7. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефоните: 047 552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17- 451/1Совет на општина Демир Хисар
19.04.2024 годинаПретседател,
Демир ХисарЉупчо Најдовски с.р.

                                                           

Skip to content