Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Религиски објекти

Религиски објекти и нивните карактеристики

Религиозните објекти на територијата на општината Демир Хисар се застапени во поголем број. Меѓу нив, се наоѓаат и такви кои се одликуваат со позабележително значење. Во продолжение се прикажани сите религиозни објекти во општината класифицирани по населени места, а за посебно значајните и туристички атрактивни религиски објекти е направен подетален осврт во врска со нивната локација, време на изградба, врескоживопис и други карактеристики.

Приказ на религиски објекти и нивните карактеристики, по населени места во рамките на Општина Демир Хисар

Населено местоРелигиозен објект / Опис
    БабиноЦрква Св. Никола. Црквата е градена во 1858 година, а фрескоживописот бил завршен во 1888 година.
Топлички манастир – црква Свети Никола. Според написот на западниот ѕид на влезот, црквата е живописана во 1537 година од зографот Димитар од с. Леуново. Во текот на XVI век црквата била срушена и повторно изградена. Црквата претставува еднокорабна градба ѕидана со кршен камен. Фреско-живописот во црквата е целосно сочуван. Конаците се разурнати.
БазерникЦрква Св. Атанасиј. Црквата е живописана во 1891-1895 година..Во темелите на црквата има остатоци од средновековна црква и некропола.
БараковоЦрква Св. Богородица. Изградена е во 1942 година.
БелчеЦрква Св. Никола. Изградена е во 1925 година.
БоиштеЦрква Св. Петка. Релативно нова црква, која не е живописана.
Црква Св. Ѓорѓи. Почнала да се гради во 1850-та година. Фрескоживописот датира од 1878 година, а го има само на северниот и јужниот ѕид.
Црква Св. Илија. Според начинот на градба и иконографските карактеристики на живописот, црквата датира од XVII век.
Црква Св. Ѓорѓи. Според натписот над влезната врата, црквата е градена во 1835-та, а обновена 1888 година. Живописана е од зограф Анастас од Крушево.
ВардиноМанастир Св. Тома (Шути манастир). Се наоѓа во планинското подрачје помеѓу селата Вардино и Мургашево. Според основата и начинот на градењето се претпоставува дека црквата е изградена во периодот од 15 и 16 век.
Црква Св. Никола. Црквата е живописана само на дрвениот свод, односно на таванот од штици. Потекнува од XIX век.
Црква Св. Константин и Елена. Манастирска црква, изградена на темелите на стара црква. Во тек е изградба на конаци.
  ВелмевциЦрква Св. Илија. Изградена е во 1838-ма, а иконостасот е изработен во 1873/4 г.
Црква Св. Богородица. Градена е во XVII век, иконостас изработен во 1875 година.
Црква Св. Петка. Градена во 1999 година., а осветена во 2000-та година.
Параклис Св. Марина. Изградена во 2006 година.
ВировоЦрква Св. Никола Мириклијски – Св. Талалеј. Црквата не е живописана. Иконостасот датира од XIX век. Според записот на претставата на Арhaнгел Миhaил црквата е изградена во 1878-ма.
Манастир Св. Никола. Црквата е изградена во 1999 година.
Манастир Св. Петка
Големо ИлиноЦрква Св. Петка. Црквата е изградена 1874 година.
Црква Св. Никола. Според написот на јужниот ѕид, црквата е изградена во 1824 година, а живописана во 1896 година од зограф Серафим.
Манастир Св. Илија. Изграден е во 1990-та година. Во дворот на манастирот има конаци отворени за посетители.
ГраиштеЦрква Св. Леонтие. Изградена е во 1927-ма година на темелите на стар христијански објект.
Демир ХисарЦрква Св. Никола. Релативно нова црква.
ДоленциЦрква Успение на Пресвета Богородица. Почетоците на градбата биле во 1851 на темели на стара црква. Дел од ѕидовите на црквата се живописани.
Црква Св. Богородица. Нова црква.
ЕдинаковциЦрква Св. Николај. Изградена и живописана во 1884-та година од зографот Коста Анастасов од Крушево.
ЖванЦрква Св. Димитрија (Латинска црква). Црквата е изградена и живописана 1634 година. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година).
Црква Св. Петка. Според градбата и сочуваниот фрескоживопис, црквата е изградена во првата половина на XVII век. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година).
ЖелезнецЦрква Св. Богородица. Изградена е во 1852 година.
ЖурчеЦрква Усп. на прсв. Богородица. Црквата е живописана во 1885-та година од зограф Никола од Крушево.
Манастир Св. Атанасиj Александриски (Журечки манастир). Александриската црква е подигната во 1121 година и целосно живописана е во 1617-та. Тремот е обновен и насликан со фрески во 1622 година. Манастирот е заштитен како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 година).
Црква Св. Илија. Изградена е во 1976 година.
ЗагоричеЦрква Св. Николај Мираклијски. Заедничка црква со село Утово. Според написот над вратата на јужниот ѕид, црквата е живописана во 1885 година од зографите Никола и Вангел од Крупево.
ЗашлеЦрква Св. Илија. Црквата е изградена и живописана околу 1888 г. Се карактеризира по покривот од камени плочи и долгиот трем.
Манастирска црква Св. Ѓорѓи. Изграден е во 1873 година. Кај народот е познат како Зашлевски манастир.
КочиштеЦрква Св. Никола. Изградена при крајот на XIX век
КутретиноЦрква Св. Константин и Елена. Главна селска црква изградена во поново време.
ЛесковоЦрква Св. Илија. Изградена е при крајот на XIX век, а обновена во 1980 година.
Мало ИлиноЦрква Св. Илија. Изградена е при крајот на XIX век врз темелите на стара црква. Во темелите на црквата се наоѓа средновековно археолошко наоѓалиште
Црква Воведение на Пресвета Богородица. Изградена е во 1974 г. Во темелите на црквата се наоѓа средновековното археолошко наоѓалиште Св. Пречиста.
МреногаЦрква Св. Спас. Средновековна црква, која најверојатно била изградена помеѓу XIV и XVI век.
Ново СелоЦрква Св. Арhaнгел Миhaил. Црква од XIX век со релативно нов живопис.
ОбедникЦрква Успение на Пресвета Богородица. Изградена е во 1974 година.
ПрибилциЦрква Успение на Пресвета Богородица. Релативно нова црква (изградена во 1973).
РадовоЦрква Св. Арhaнгел Миhaил. Изградена е во 1856-та г., а живописана во 1875-та г.
РакитницаЦрква Св. Димитриј. Изградена меѓу XVI и XVII век. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на војводата Веле Марков.
РастојцаЦрква Пресвета Богородица. Изградена во 1874-та година. Градбата на црквата има правоаголна основа. Камбанаријата се наоѓа непосредно од левата страна на влезот во дворот од црквата.
СветаЦрква Св. Петка. Изградена во 1970-та година врз темелите на стара црква.
Црква Св. Пантелејмон. Изградена во периодот 1905-1910-та година.
СладуевоЦрква Св. Илија. Изградбата е започната во 2007 со донации на иселеници од селото, сеуште е во градба.
          СлепчеМанастир Св.Јован Претеча, Слепче. Се претпоставува дека е изграден во 1010-та година. Црквата е изградена во 1862-ра г., на местото на старата голема и живописана црква. Манастирот е заштитен како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 г.)
Црква Св. Јован Богослов. Позната е уште како Црква Св. Николај Мираклијски Чудотворец. Изградена е во 1864 г. на темели од стара црква. Според натписот на влезот на јужната страна, фрескоживописот е изработен во 1884 год. од зограф Никола Анастасов од Крушево.
Црква Св. Јован Теолог (Стара црква). Според написот во црквата, таа датира од 1627 г. Во основа претставува мала еднокорабна градба, покриена со полукружен свод.
Манастир  Добромирово-посветен  на    Пресвета  Богородица   Балаклија.Според археолошките наоѓалишта тука постоела црква од Средниот век. Според легендите, манастирот „Добромирово“ е поврзан со војсководецот Добромир (Самоиловата војска). Во неговите конаци престојувале и владетелите Добромир Хрс и Добромир Стрез. По нивното име манастирот го добил називот „Добромирово“. Во непосредна близина на комплексот се изградени нови конаци за посетители.
    СлоештицаСв. Атанасиј (селска гробјанска црква). Потекнува од поствизантискиот период. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на Петре М. Андреевски. Црквата е заштитена како културно наследство од Министерство за култура (со националниот регистар од 31.12.2012 г.
Црква Пресвета Богородица. Главна селска црква. Изградена во 1908-ма година. Живописана е во 1924-та г.
Манастир Св. Ѓорѓи
СмилевоЦрква Св. Ѓорѓи. Изградена во 1911 год и е прилично голема. Во основа претставува трикорабна градба со полукружен дрвен централен свод и покриени странични бродови.
Манастир Св. Петар и Павле (Смилевски манастир). Новата манастирска црква е изградена во 1983/4 година врз стари темели на црква која била изградена во средината на XIX век.
СопотницаЦрква Св. Никола. Претставува еднокорабна градба, покриена со полукружен свод, изградена во 1874 година.
СтруговоЦрква Св. Атанасиј Велики. Претставува трикорабна црква со петто страна апсида изградена и живописана кон крајот на XIX век.
Манастир посветен на Св. Антониј. Релативно нов објект и во негова близина има конаци.
Суво ГрлоЦрква Св. Атанасиј Велики. Претставува еднокорабна градба со полукружен низок свод и полукружна апсида без прозор, изградена е во 1886 година.
Црква Рожденство на Пресвета Богородица. Релативно нова градба.
СуводолЦрква Св. Константин и Елена. Храмот е изграден околу 1830-та и посветен е на младиот крал Константин и неговата мајка Елена. Фасадите се малтерисании и обоени се окер боја. На западната страна има трем. Црквата не е живописана.
Манастир посветен на Св. Богородица. Црквата е една од најстарите на овие простори, но била оставена и пропаѓала, се до последното возобновување пред неколку години.
УтовоЦрква Св. Никола. Претставува релативно нова градба.
ЦеровоЦрква Св. Илија. Подигната е во 1875 г. Претставува еднокорабна градба покриена со дрвен свод. Има полукружна апсида со мало прозорче. Ѕидана е со кршен камен.
Извор: Мојсов К. 1993

Skip to content