Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ PDF Печати

11947962_10154212930722942_317618818833203762_o 

ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ЧЕТВРТОК од 10:00 – 14:00 часот


Сите граѓани кои сакаат да остварат средба со

градоначалникот на Општина Демир Хисар,

Марјанче Стојановски

се известуваат дека средбите ќе се одржуваат

во просторииите на општинската зграда

секој четврток од 10:00 – 14:00 часот.


 
ПРОТОКОЛ PDF Печати
marjance stojanovski gradonacalnik

20.10.2017

МАРЈАНЧЕ СТОЈАНОВСКИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

Досегашниот градоначалник Љупчо Блажевски и новоизбраниот градоначалник на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски, денеска имаа куса средба во градоначалничкиот кабинет.

По формалното преземање на функцијата, двајцата останаа во едночасовен разговор на којшто разменија мислења од делокругот на надлежности на локалната самоуправа.

Градоначалникот Стојановски оствари едночасовна средба со вработените во локалната администрација, а во тек е средба со новоизбраните членови на советот , а потоа и со поранешните градоначалници на општината

 
КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Pazar-1

2.09.2017

УВИД ВО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАТСКИОТ ПАЗАР И ЈАВНИТЕ ТОАЛЕТИ

На локацијата на гратскиот пазар во Демир Хисар паралелно и интензивно се изведуваат два градежни проекти: реконструкција на гратскиот пазар и изградба на јавни тоалети за потребите на пазарот.

Изградбата на јавните тоалети се изведува според договорената и очекувана динамика и не постојат никакви пречки да се испочитуваат договорените рокови и квалитет. Претставникот на компанијата „ЗИМАК“, изведувач на работите, во присуство на надзорниот орган, го информира градоначалникот дека без оглед на временските прилики, објектот ќе биде навреме изграден и предаден на инвеститорот. Во завршната фаза ќе остане само да се извршат потребните приклучоци на јавната електрична, доводна и канализациона гратска инфраструктура што е обврска на општината. Инаку целиот проект финансиски е поддржан од општината којашто е главен и единствен инвеститор.

Pazar-2

За разлика од изградбата на тоалетите, нешто поразлични се работите околу реконструкцијата на гратскиот пазар. Претставникот на надзорниот орган го извести градоначалникот дека е евидентентно забавено темпо на динамиката на изградба, што ќе рече, постои веројатност да не се испочитува договорениот краен рок 1. ноември што може да предизвика правни и финансиски импликации и последици за изведувачот.
Од предвидените градежни зафати, засега завршен е ископот на дел од стопите каде што ќе биде „насадена“ дел од металната покривна конструкција, како и некои припремни работи пред престојното бетонирање на оградата.

Инаку реконструкцијата на гратскиот пазар се брши со средства што општината ги обезбеди преку Пелагонискиот плански регион.

Pazar-3

Pazar-4
 
ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Uc._dvor-2

22.09.2017

ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ НАСКОРО ЌЕ ЗАВРШИ УРЕДУВАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ДВОРОТ

До првата половина од следниот месец се очекува целосно да завршат сите градежни работи околу уредувањето на дел од училишниот двор во средното училиште „Крсте Мисирков“ во Демир Хисар.

Во склоп на редовните контроли за динамиката и квалитетот на изведбата, градоначалникот Љупчо Блажевски и членовите на општинската комисијата за јавни набавки, извршија увид на работите на којшто присуствуваше претставник на изведувачот „Аркус“ од Прилеп и директорот на училиштето Кире Ристевски.

На заедничкиот состанок, изведувачот го информира градоначалникот за текот на работите, како и за претстојните активности околу целосно завршување на проектот, односно набавката и поставувањето на осветлението, заштитните огради и предвидената урбана опрема.

Постојат изгледни шанси, објектот да бидe завршен и предаден пред празникот 11. октомври.

Uc._dvor-1

Uc._dvor-3
 
ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Uciliste_-_dvor-_1

12.09.2017

ВО „МИСИРКОВ“ СЕ УРЕДУВА ПОВРШИНА ЗА НАСТАВА ВО ПРИРОДА

Започнаа изведбените работи околу уредувањето на дел од дворната површина во средното училиште „Крсте Мисирков“ во Демир Хисар. Градежната оператива забрзано работи на реализација на проект што го финансира општината, а ќе се користи како простор за изведување на настава на отворено и за одржување на културно - забавни активности на учениците.
Објектот се гради во аголот што го формираат северното и западното училишно крило на зградата, од источната страна на главниот влез во училишната зграда.

Просторот што е предмет на уредување, досега беше со недефинирана содржина и неуреден. Со овој проект се ќе се изврши уредување и облагодродување така што, заради денивелацијата, покрај постојните, ќе се изградат нови потпорни ѕидови и ќе се изврши израмнување на површината. На новообликуваната површина ќе биде поставен тампон и ризла, а потоа врз оваа подлога ќе се постават бекатон плочки. По завршувањето на овој градежен зафат ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи и жардењери.

Uciliste_-_dvor-_2

Според проектната вредност, целата инвестиција ќе чини околу 300.000 денари, пари што ги обезбеди Општина Демир Хисар од локалниот буџет, а се очекува да биде завршена најмногу за еден месец.

Uciliste_-_dvor-_3

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 180

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер