ВЕЛИЧЕСТВЕНО „СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ“ Печати
ART-POINT-1

29.08.2011

Слоештица

Режисери, актери, филмски работници, ликовни уметници,скулптори од странство,  писатели, поети, музичари и фолклористи два дена беа гости на подилинското живописно село Слоештица, родното место на бардот на македонската ппоезија и проза, Петре М. Андреевски, а во рамките на манифестацијата „Славење на Пирејот“.

Свеченостите започнаа со отворањето на изложбата „Македонија во живо“ на која пеа изложени дела на студентите од катедрата за ликовна уметност од САД, а продолжија со концертот на КУД „Илинден“ од Демир Хисар. Во просториите на задружниот дом пеше отворена и изложба на дела со ликовите на Петре Андреевски од авторот Злате Нечковски, а на слоештичкото средсело, актерот Трајче Ивановски ја изведе монодрамата „Јас Петре Димовски Шаторо“ во режија на Игор Трпчевски.


На празникот Св. Богородица кој е и селска слава на Слоештица, на селските гробишта групата „Љубојна“ одржа беседа за Петре М. Андреевски,  а повод 30-годишнината од трагичната смрт на младиот поет Љупчо Сивески, кој, исто така, е роден од Слоештица, беше  промовирано третото издание на неговата единствена книга „Тестамент". Пред родната куќа на писателот Андреевски беше откриена спомен плоча.

Свеченостите продолжија на селското средсело со претставата „Оркестар ББ“ работена според делата на  Брехт што ја изведоа дипломци на Факултетот за драмска уметност во Скопје, а на импроизираниот филмски екран беше прикажан филмот „Магдалена“ во режија на Андреј Цветановски.

Овации кај многубројната публика предизвика претставувањето на скулпторката Нажет Гериси кој специјално за оваа пригода допатува од Тунис и неколку дена твореше во уметничката работилница на „Арт поинт“

Како кулминација не дводневното чествување во чест на Петре М. Андреевски, со внимание и бурни аплаузи беше проследен концертот на младата и надежна македонска етно – група „Старовски“.

На „Славењето на Пирејот“ присуствуваше градоначалникот на општината Демир Хисар, г – н Тони Ангелевски кој беше покровител на манифестацијата, а како гостин беше и градоначалникот на општината Вевчани, г – н Перо Илиевски.

„Славењето на пирејот“ годинава се одржа по петти пат. Финансиски беше поддржано  од Министрството за култура и  општината Демир Хисар, а рганизатори беа „Арт Поинт - Гумно“ и „Енох“ .

ART-POINT-2ART-POINT-4ART-POINT-3ART-POINT-5ART-POINT-6ART-POINT-7ART-POINT-8ART-POINT-11ART-POINT-9