СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Печати

4.2.2022

.

grb za na veb

.

Според наши сознанија, одредени граѓани на Општина Демир Хисар, на мрежата за јавно осветлување имаат незаконски приклучено електрични светилки во нивни дворови и објекти. Не е исклучена можноста и од незаконско користење на електричната енергија од мрежата за јавно осветлување заради загревање на станбени објекти.
Заради настанатата ситуација со енергетската криза, Општина Демир Хисар нема да биде во можност редовно да ги подмирува обврските по однос на потрошена електрична енергија за јавно осветлување.
Со цел надминување на настанатата ситуација, Општина Демир Хисар од 7. февруари 2022 година ќе пристапи кон исклучување на „диво“ приклучените светилки на мрежата за јавно осветлување и поднесување на соодветни пријави кон прекршителите на законот.